19/04/2024
Регион/Свет

Етничките Македонци од Голо Брдо и Мала Преспа, организирано и координирано собираат помош за настраданите од земјотресот во Драч и Туман

Етничките Македонци во соседна Албанија, меѓу првите, се организираа во собирањето материјална и финансиска помош, за настраданите од разурнувачкиот земјотрес, од понеделникот, во Драч и Туман.

Најмасовно и најорганизирано е во средините каде има поголема концентрација етнички Македонци, како Голо Брдо и Пустец.

Во собирањето помош, се вклучија сите 9 села од областа Мала Преспа.

Акцијата се води организирано и координирано од страна на градночалникот на единствената општина на македонското етничко малцинство – Пустец, Поли Колефски, како и единствената политичка асоцијација на етничките Македонци – Македонската алијанса за европски интеграции (МАЕИ).

Претседателот на партијата, едновремено и единствен народен претставник Македонец, во албанскиот парламент, Васил Стерјоски, информираше дека викендов во Охрид, ќе заседава Централниот комитет на партијата, кој треба да избере генерален секретар и други органи.

Седницата ќе биде искористена за договор, околу натамошното спроведување на собирната акција на производи и финасиски средства за настраданите од земјотресот.

Во акцијата за собирање помош, активно се вклучени и верниците од МалаПреспа, преку тамошната православна црква.

В.М.