18/04/2024
Охрид

„Езерска средба 2019“ во Охрид и албанскиот крајезерски град Поградец

Ветераните од одбраната и безбедноста – пример за масовност, иницијативност и меѓусоседско зближување

„Езерска средба – 2019“ во Охрид и албанскиот крајезерски град Поградец

Регионалното Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините од западниот регион, со седиште во Охрид, веројатно, е една од најмасовните невладини асоцијации во земјата.

Дека е тоа така, можеше да се види и денеска на осмомартовската средба, организирана, посебно за ветеранките, во пресрет на Денот на жените, 8. Март.

Средбата беше искористена и како можност за работен договор, во пресрет на традиционалната манифестација „Езерска средба – 2019“, која, годинава, покрај во Охрид, со дел од активностите, ќе сеодржи и во крајезерскиот албански град Поградец.

Претседателот на Здружението, полковник Добре Вељаноски информираше дека и годинава, во рамките на општата соработка со невладиниот сектор, особено за проекти кои ја интензивираат прекуграничната соработка и отвораат можност за заеднички настап со проекти пред европските фондови, покровител ќе биде градоначалникот на општина Охрид, Константин Ѓорѓиевски.

„Оваа година, средбата ќе има два дела. Првиот во Охрид, на 30-ти март, а вториот во Поградец, Албанија, на 18-ти мај. Покрај, претставниците на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, на националните здруженија на ветераните од Бугарија и Албанија, годинава ќе бидат поканети и ветераните од Грција.“ – потенцираше Вељаноски.

Полковник Вељаноски, од своја страна, ја нагласи определбата, овој настан да се искористи како повод, да прерасне во трајна форма на поврзување, соработка и разбирање на народите од соседните пријателски земји во реализацијата на плановите и активностите на општините за добробит на нашите граѓани.

Од тие причини, годинава, вториот дел од средбата ќе биде во Поградец, градот чија локална самоуправа и досега беше вклучена во поддршката на соработката на на ветераните од одбраната и безбедноста на двете земји.

Зад организаторот на манифестацијата „Езерска средба – Охрид 2019“ – Регионалното Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, за општините од западниот дел на земјата, стои децениско искуство на граѓански активизам, поврзан со негувањето на вредностите од овој важен општествен сегмент, пред се, во одбраната, безбедноста и зачувувањето на мирот, но и во унапредувањето на прекуграничната соработка.

Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста на Република Македонија, остварува многу блиска соработка со албанската асоцијација, на кој план е најактивно членството од Охрид, потоа со Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Романија.

Иницијативи за соработка, како што напоменува претседателот на Републичкото здружение, генерал Филип Котели и со нашите колеги од БиХ и Унгарија, потенцира неговиот претседател, генерал Филип Котели.

В.М.