29/03/2024
Спорт

ФФМ донираше столчиња во ЈП „Билјанини извори“

ЈП „Билјанини Извори“ во текот на вчерашниот ден прими донација од Фудбалска федерација на Македонија и на таков начин ги продолжи активностите за реконструкција и обнова на инфраструктурата на Спортско рекреативниот центар Билјанини Извори. Имено станува збор за донација во столчиња и тоа 1700 парчиња кои се нови и се наменети за замена на искршените и стари столчиња на трибината на Градскиот стадион Билјанини Извори. Со реконструкцијата на сооблекувалните и сега со обезбедувањето на нови столчиња ЈП „Билјанини Извори“ продолжува да се ангажира во насока на подобрување на условите за спортските екипи и рекреативци корисници на нашата спортска инфраструктура во овој случај Градскиот стадион Билјанини Извори.