16/04/2024
Спорт

ФФМ го одржа вонредното Генерално Собрание

Фудбалската федерација на Македонија во Охрид го одржа Вонредното Генерално Собрание. На Вонредното Генерално Собрание на ФФМ беа усвоени измените и дополнувањата на Статутот на ФФМ. 

Првиот дел од измените се однесува на предлог одлуката на У.О. на ФФМ со која се предложени измени и дополнувања, односно отворање на статутот во делот кои се однесува на критериумите, постапката и начинот за кандидирање и избор на претседател на федерацијата.

Основната цел на овие измени и дополнувања е олеснување на споменатите процеси. Измената и дополнувањето на одредбите од членовите 91, ново предложениот 91 б, како и на одредбите од членовите 43, 53,65 и 86 покрај олеснување на процесите за кандидирање и избор ќе придонесат и во зајакнување на заштитата на интегритетот на процесот на управување. 

Дел од предложените дополнувања кои се однесуваат на критериумите за кандидирање направени  се и во насока на прифаќање  на утврдени стандарди во општеството за успешно справување со предизвиците кои со себе ги носи работниот процес.

Основната промена во критериумите за кандидирање направена е во член 91. Изменето е претходното решение со кое кандидатот за претседател се бираше од редот на делегатите. Со предложената измена во овој член кандидатот за претседател може и не мора да биде од редот на делегатите на Собранието. Доколку кандидатот за претседател не е од редот на делегатите на Собранието, со чинот на избор по автоматизам се стекнува со делегатски статус. Предвидени се две ситуации во случај на предвремено завршување на мандатот. Доколку кандидатот за претседателот е избран од редот на делегатите, при предвремено завршување на мандатот по изборот го задржува делегатскиот статус . Доколку кандидатот за претседателот се стекнал со делегатскиот статус со чинот на избор при предвремено завршување на мандатот по автоматизам го губи делегатскиот статус.

Новиот член 91 б уредува начин на постапување и право на предлагање на кандидат за претседател во случај на вонреден избор на претседател. Во овој член дадено е правото на сите членки да даваат предлози за претседател за преостанатиот дел од мандатот, вклучително и на членките чии предлози за членови на Управен одбор биле прифатени и истите биле избрани од страна на Генералното собрание како членови на Управен одбор. Одредбите од овој член уредуваат различно постапување за овие членки при предлагање на кандидат, имајќи во предвид дека претседателот на ФФМ согласно член 95 од Статутот е член на Управниот одбор.

Одредбите од овој член уредуваат ограничување на ова дадено право па кај овие членки предлогот за кандидат го ограничуваат како во став 4 (право да го предложат единствено избраниот член на УО). Во насока на заштита на интегритетот на процесот на управување, во став 5 од овој член, утврден е критериум за да може членката да го користи даденото право за предлагање кандидат. Имено, доколку на избраниот член на У.О. предложен од членката, му заврши мандатот предвреме и тоа во периодот од шест месеци пред одржување на вонредното изборно собрание: поради изречена или потврдена дисциплинска мерка од орган на ФФМ – забрана на вршење фунцкија во траење од шест месеци и повеќе; неоправдано отуство на три последователни седници или поднесување на оставка, членката не располага повеќе со стекнатото право од овој член (став4), ниту може да предложи друг кандидат.

Во делот кој  ги утврдува условите кои кандидатот треба да ги исполнува, а се уредени во член 43, со интервенцијата направена во точка 3 на првиот став и бришење на зборовите „како нејзин член“,  овозможено е проширување и олеснување на процесот за кандидирање, како и овозможување да се кандидира и кандидат кој претходно активно учествувал во активностите на фудбалската организација во целина.

Во рамките на овој член во став 3 имајќи го во предвид широко отворениот процес од една страна, како и динамиката на работниот процес и одговорноста на позицијата претседател од друга страна додаден е и услов во насока на имплементирање на веќе утврдени стандарди во општеството преточени во законски норми, за успешно справување со предизвиците кои со себе ги носи работниот процес.

Имајќи ги во предвид измените во член 91 и 91 б направено е усогласување на член 53 став 2 па се додадени две алинеи кои уредуваат дека стекнувањето и губењето на делегатскиот мандат на претседателот по автоматизам влијае и го менува бројот на мандатите во собранието.

Член 65 го уредува мнозинството кое е потребно за кандидатот за претседател да биде избран. За разлика од претходното решение со кое се правеше разлика во зависност од бројот на кандидатите па предвидуваше различни мнозинства во првиот круг кога се работи за еден или повеќе кандидати, со измената се утврдува исто мнозинство за избор во првиот круг независно од бројот на кандидатите. Па, како потребно мнозинство за избор во првиот круг, се утврдува мнозинството од вкупниот број на делегати на собранието. Измената на оваа одредба има влијание на уште една одредба која ќе се презентира во продолжението на оваа презентација.

Измената од член 86  се однесува на Комисијатa за избори и верификација. Оваа измена претставува усогласување со одлуката на ова собрание со која е утврден нејзиниот состав.  Се менува став 3 и се додава нов став 4.

Измената на одредбите од член 65  има влијание на одредбите од член 62 кој уредува правило и исклучоци при  усвојување на одлуки од страна на Собранието. Како основно правило уредено е дека собранието одлуките ги носи со мнозинство од присутните делегати. Како исклучоци покрај наведените се додава нов став 4  кој уредува дека за избор во прв круг потребно е мнозинство од вкупниот број на делегати кои ги претставуваат членките и  заради усогласување се брише втората алинеа на став 2.

Имајќи ја во предвид досегашната пракса во работењето, Управниот одбор утврди поголема целисходност во претходното решение со кое беше утврдена една позиција за потпретседател на Управниот одбор па му предложи на Собранието отварање на статутот во овој дел со цел измени и дополнувања на членовите 92, 93, 95, 109,110 и 112 од Статутот.

Измени и дополнувања на Статут на ФФМ.pdf