19/03/2024
Спорт

ФФМ ја исплати рекордната премија од 500 000 евра за првото место во Лига на нации

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати рекордната премија во износ од 500.000 евра за освоеното прво место на А репрезентацијата на Македонија во групата од УЕФА Лига на нации. Раководството на ФФМ за пласманот во баражот за ЕП 2020. ја вети најголемата премија во историјата на македонскиот спорт, а паричната награда ја поделија репрезентативците и стручниот штаб во најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија.

Фудбалската федерација на Македонија ја исплати премијата за пласман во завршана фаза од Лига на нации и со тоа поставивме стандард како ќе работиме и во иднина. Пласманот на ЕП 2020 година би претставувал остварување на сонот на оваа генерација македонски фудбалери и на капитенот Пандев и соиграчите им посакуваме многу среќа во следните репрезентативни предизвици. Со пласманот во завршната фаза од Лига на нации, репрезентацијата стигна таму каде што и е местото и искрено посакуваме нов напредок. Благодарност до сите кои даваа поддршка. Драго ни е што успеавме да ја вратиме насмевката на лицата на навивачите и се надевам дека позитивната резултатска низа ќе трае и во иднина, истакна в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Македонија во полуфиналето од УЕФА Лига на нации ќе се соочи со Косово на домашен терен, а во второто полуфинале Грузија ќе ѝ биде домаќин на Белорусија. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат меѓусебе во финале, на неутрален терен, за победа која гарантира пласман на Европското првенство во 2020 година.

За помалку од еден месец, на 21. март 2019. во Скопје против Летонија го отвораме и квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020.