23/04/2024
Македонија

ФФРМ со свои предлози за Програмата за финансиска поддршка за рурален развој 2018

Федерацијата на фармерите на Република Македонија преку својот секторски систем за лобирање и координативното тело во изминатиот период ги разгледува финансиските подршки на Владата со тоа што ги достави предлози наменети за новата Програма за финансиска поддршка за рурален развој за 2018 до МЗШВ. Барањата ФФРМ ги презентира на состанокот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одржан на 28.09.2017 .

Според направените анализи зголеменото негативно влијание на климатските промени во земјоделството доведува до намалување на производството и квалитетот на земјоделските производи. Тоа најмногу оваа година се забележа и во овоштарството, лозрството, поледелството и градинарството. Од друга страна во делот на сточарството  климатските промени се едни од причините на појава на нови болести како што е јазлестата кожа, која напарви големи проблеми во сточарството во југо-источниот регион на државата.

Врз основа на горенаведеното ФФРМ го предлага следното:

Да се издвојат средства за обуки и едукација на земјоделците,со посебна насока на практична обука и едукација запролагодување на земјоделството на  климатски промени

Покрај системите за наводнување капка по капка во рамките на истоимената Програма да влезат и нови технологии со кои ќе се ублажат негативните ефекти од климатските промени, како што се оросувачите кај овоштарството и лозарството и спринклерите во градинарството и поледелството.

Во делот на овчарството да се направи сразмерно финансирање на подршката за овчарите и на високите и низинските предели, со оглед на фактот што оваа година големи штети претрпеа одгледувачите на овци во низинските предели од страна на сушата..

Иселувањето на младите од руралните средини е тренд кој што од година во година расте. Токму за да се намали овој тренд и доколку исто така се земе фактот дека оваа година околу 3000 апликации беа поднесени за млад земјоделец, а одобрени се 120 согласно буџетските финансии ФФРМ предлага:

Мерката за подршка на млади земјоделци да остане и да се зголемат финансиите за оваа подршка за да можат поголем број на млади земјоделции кои аплицирале да се подржат.

Според анализите на ФФРМ добиени преку информации на своето членство ФФРМ бара да се зголеми поддршката за подигнување на нови лозови и овошни насади и да се направата измени во критериумите за подигнување на нови насади, кои токму спречуваат фармерите да аплицираат. ФФРМ ги дава следните предлози:

Промена да се направи во делот на времето на поднесување на апликацијата и тоа да биде од 01.10.2018-01.10.2019

Исто тка во текстот за критериуми да се направи измени каде што ќе пишува „подигнување на нови овошни и лозови насади на површини“, а не подигнување на нови овошни и лозови насади на нови површини.

ФФРМ предлага Мерката за консолидација на земјоделското земјиште да остане.

Токму за развојот на земјоделството, посебно во делот на градење на конкурентен производ и развој на руралните средини важа е продажбата и добрата цена, така што ФФРМ смета дека со инвестиции во маркетинг и преработка може да се поттикне решавањето на овај долгогодишен проблем. За таа цел ФФРМ предлага:

Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи да се зголеми.

Решението на проблемот со откупот и ниските цени каде што земјоделците се манипулирани најмногу од откупувачите и земјоделските компании кои вршат откуп е развојот на земјоделското задругарство. За да може кооперативното здружување да се развива ФФРМ предлага:

Зголемување на поддршката за земјоделски задруги (опрема за обработка и преработка, механизација и едукација).

Подршка преку саемски манифестации за промоција на земјоделските задруги.

Органското производство кое е тренд во развој кај нас најмногу се соочува со проблемот на количини кои се потребни да се обезбедат. За таа цел ФФРМ предлага:

Зголемување на поддршката за органското производство во насока преработка и доработка.

Потребно е поголемо инволвирање на НВО во делот едукација и промоција за руралниот развој, како и подготовка на теренски анализи, така што ФФРМ предлага:

Имплементација на мерката 1.5. (Спроведување на истражувања, изработка наанализи, предлог-проекти, студии од областа на земјоделство и руралниот развој).

ФФРМ предлага да се направи  промена на критериумите во Mерката  322 (обнова и развој на селата) односно во Програмата да стои дека ќе се финасираат проекти на општините за изградба на патишта , водоводни и канализациони мрежи во должина од 1 км па натаму. Или ако тоа одзема многу финансии да се промени бидејќи во државата постојат голем број на села со полуизградени патишта, канализации и водоводни мрежи кои правата проблеми на руралното наслени. Како примери на самиот состанок ги посочивме патот кај  Дојран и канализационата мрежа во  неготинското село Тремник.

ФФРМ во делот на родовата застапеност и поголемо мотивирање на жените од руралните средини да учествуваат во аплицирање на истоимената Програма, кое ќе доведе и до поголемо економско јакнење на руралната жена, ФФРМ го дава следниот предлог:

Жените да имаат исто како и младите без разлика на возраста 55% покриеност на инвестицијата.

Во делот на административните процедури на имплеменатцијата на Програмата, ФФРМ предлага:

  • Продолжување на рокот за аплицирање на 45 дена за оние мерки кои траат 30 дена.
  • Подготовка на календар за објава на огласи за мерките за апликации, за да можат навремено земјоделците да ја набават потребната документација.
  • Контролата на терен да биде за време на вегетација, а не после бербите.
  • По одобрениот проект, финансиските средства да се префрлаат што е можно побрзо и тоа посебно за младите.

ФФРМ предлага во рамките на Програмата за финасиска подршка за руралниот развој 2018 да влезат иследните мерки:

Гарантниот фонд за ИПАРД апликациите што ќе обезбедува до 50% од потребните банкарски гаранции и ќе помогне на земјоделците полесен пристап до кредитите од комерцијалните банки.

Интервентион фонд за штети од климатски промени.

Финансирањето на каматната стапка да продолжи да постои.