25/04/2024
Македонија

Филхармонијата одбележува 100 години од раѓањето на Бернштајн

Утревечер, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Бернштајн 100“, со кој ќе се одбележи сто годишнината од раѓањето на еден од највлијателните американски композитори и диригенти, Леонард Бернштајн….

Под диригентство на врвниот маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, ќе бидат изведени две дела од неговиот богат опус – симфониската свита „На брегот“ и Три танцови епизоди од мјузиклот „Од градот“.

Солист на концертот е еден од најголемите виртуози денес, германско-францускиот виолончелист Николас Алтштед, кој за првпат во Македонија ќе го изведе Концертот за виолончело и оркестар од англискиот композитор Вилијам Волтон.