29/03/2024
Македонија

Филипче: Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи

Ги подобривме условите во 28 јавно-здравствени установи. Здравствената заштита ја подигнавме на повисоко ниво, а здравствените работници и соработници имаат значително подобрени услови за работа. Во наредниот период продолжуваме да го зајакнуваме јавното здравство. Продолжуваме со инвестирање во здравствените установи, вложување во нова медицинска опрема и вложување во човечкиот капитал, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство, д-р Венко Филипче.