16/04/2024
Спорт

Финални подготовки за „Охрид трчаТ“

Денес, во рамките на подготовките за финалната организација на спортската манифестација Охрид трчаТ 2018 се одржа средба помеѓу организаторите Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“ и четирите здруженија, институции кои ќе се задолжени за освежителните станици поставени долж патеката за Охрид трчаТ.

На средбата Организиаторите им се заблагодарија на Советот на Општина Охрид, Заводот за кардиоваскуларни заболувања, Лајонс клубовите од Охрид и Ротари клубот од Охрид четирите субјекти за прифатената покана од страна на организаторот да се дел од Охрид трчаТ како организации – волонтери задолжени за освежителните станици. На средбата се договорија локациите на кои ќе бидат поставени станиците и за која станица кој ќе биде задолжен од субјектите како и се дадоа насоки, како и што треба да се прави за време на одржувањето на трките на Охрид трчаТ.

Освежителните станици ќе бидат поставени на четири локации надвор од старт/цел местото и тоа Горна Порта, Охридска Банка, Гимназија и Кеј Македонија и ќе служат како пунктови за освежување и конзумација на вода за сите учесници на Охрид трчаТ. Оваа година организаторите воведоа интересен и општествен начин на организација на освежителните станици со која сакаат да го промовираат волонтерството и одговорноста кај повозрасната и поодговорна група на лица во нашето општество се со цел да се мотивира поддршката и активизмот како еден од предусловите за организирање и промоција на секој еден настан.