25/04/2024
Регион/Свет

Финска – нов претседавач со Советот на ЕУ

Од денеска Финска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија, под мотото: „Одржлива Европа – одржлива иднина”.

Програмата на Финското претседателство се фокусира на четири главни приоритети:

  • зајакнување на заедничките вредности и владеење на правото;
  • поконкурентна ЕУ и социјално инклузивна;
  • зајакнување на позицијата на ЕУ како глобален лидер во климатските активности;
  • сеопфатна безбедност на граѓаните.

Финска го презеде претседавањето со Советот на ЕУ од Романија, а на почетокот од новата година ќе ѝ го предаде на Хрватска.