20/04/2024
Охрид

Физичка пресметка помеѓу двајца Словенци пред угостителски објект на улицата „Железничка“

Утрово (27.07.2019) во 03:20 часот, пред угостителски објект на улицата „Железничка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу Ш.Г.(28) и Х.М.(27), двајцата од Република Словенија.

Против нив, во согласност со одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.