19/04/2024
Охрид

Физичка пресметка во пекара во Охрид

На ден 08.08.2018 година во 15 часот и 45 минути, во пекара во Охрид лоцирана на улицата „Гоце Делчев“, нарушен е јавниот ред и мир и вербална расправија помеѓу О.М. (27) од Прилеп и Д.Д. (39) од Радовиш. Караницата прераснала во физичка пресметка при што О.М. се заканил со дрво, а Д.Д. со кујнски нож. Сакајќи да го одземе ножот, О.М. со десната рака го фатил сечивото од ножот при што се здобил со расекотина на шаката.

Тој, со возило од Брза помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди – пресечени тетиви и крвни садови и е задржан на понатамошно лекување. На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.