28/03/2024
Спорт

ФК Велешта ќе биде дел од Втора МФЛ – Запад, ФК Росоман и ФК Слога Виница во Втора МФЛ – Исток

Екипата на ФК Велешта – Велешта ќе биде дел од Втора МФЛ – Запад во натпреварувачката сезона 2020/2021. 

На извлекување во „Куќа на фудбалот“ на кои учествуваа претставници на трите екипи, ФК Чаклани – Добри Дол, ФК Велешта – Велешта и ФК Фортуна – Скопје, ждребот одлучи тимот на ФК Велешта – Велешта да биде дел од македонската Втора фудбалска лига. 

Според пропозициите, ждреб одлучуваше за пополнување на Втора МФЛ – Запад, откако здравствените услови не дозволија екипите да ги одиграат бараж натпреварите за место во повисок ранг. 

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница да бидат дел од Втора МФЛ – Исток. Одлуката е донесена откако ФК Питу Гули – Крушево го откажа своето учество од Втора МФЛ и натпреварувањето ќе го продолжи во Трета МФЛ – Централен регион.