29/03/2024
Македонија

Францускиот амбасадор Тимоние и заменик МВР Нухиу во посета на СВР Тетово

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и заменик Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денеска беа во посета на СВР Тетово.

Заменик Министерот Нухиу изрази благодарност за поддршката што Франција и ја дава на македонската полиција, во опрема, но и во делот на обука за крим полицијата. Амбасадорот Тимоние рече дека и во иднина поддршката од Франција ќе продолжи со несмален интензитет , затоа што реформите во полицијата се дел од реформите што треба да се спроведат, за да може Македонија да стане дел од европското семејство.

Амбасадорот Тимоние искажа голема благодарност за ангажирањето на припадниците на СВР Тетово во пронаоѓањето и спасувањето на двајцата француски државјани кои годинава се изгубија на Попова Шапка.

Тој изрази почит и внимание за нивната несебичност и пожртвуваност во тешки зимски услови да ја реализираат акцијата за спасување.