ГДУ: Охрид не го заслужува ова!

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) – Охрид испрати допис до медиумите во кој стои:

„Зарем Охрид го заслужува ова? Градот на УНЕСКО, бисерот балкански ?!

Ова е апсолутно недозволиво и неприфатливо, на само неколку метра од ова место има градинка во која одат нашите деца. Каква поука им даваме? Што ќе научат од ова нашите деца? А за заразите да не почуваме ни да разговараме, сите сме свесни што може да придонесе нечистотијата.

Ги повикуваме надлежните органи да се позанимаваат со овој случај и да се санкционираат тие кои го прават ова злодело. Повикуваме и директорот на комуналното да испрати екипа и да се расчисти оваа дива депонија.

Охрид не го заслужува ова!

Нашите деца не го заслужуваат ова!“ – стои во дописот од ГДУ Охрид.