16/04/2024
Македонија

ГДУ: Смртноста како последица на загадениот воздух е зголемена – да се преземат итни мерки!

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Додека не занимаваат со рекети и амнестии се угушивме. Џабе предупредувања, џабе барања, бројките повторно се алармантни. Истражувањата покажуваат дека во некои македонски градови и речиси цела година се дише загаден возудх. Со денови слушаме за помилувањата, а ниту сме слушнале, ниту виделе некој инспектор да излезе на терен да провери кој не труе, да каже отворено зошто мерните станици рушат рекорди. Што е со мерките, до сега се молевме ветер да задува, а сега ќе чекаме снег да заврне, па и тој како и секоја година среде зима ќе ги изненади надлежните?

Во изминативе години само во Скопје, околу седум милиони евра се одвоени за загадувањето, но подоцна тие пари биле пренаменувани за други ставки. Ете толку им важно. Колку само да се пофалат, па после парите одат на други места.

Годинава пак, власта реши да го скрати буџетот за животна средина. Зошто – никој не кажува, но очигледно пред избори популистичките мерки се поважни од здравјето на граѓаните. Пари се трошат на сѐ, ама не и за поквалитетен воздух.

А предупредувањата се повеќе од јасни, ако не се преземат итни мерки, ќе се губат се повеќе човечки животи. Плановите не се за во фиока. Сериозноста на акцијата се мери и во буџетот, но не со пренаменување и кратење на средства.

Почитувани, Доколку ја добиеме вашата доверба во Парламентот ќе се бориме да се слушне вашиот глас, да се зборува за вашите потреби, за вашето здравје, а не за амнестирање на криминалците. Жестоко ќе се спротиставиме на сите теми со кои ќе се обидат да го одвлечат вниманието од реалните проблеми.

Бројките на смртност како последица од загадувањето од година во година растат, а загадувањето никако да се намали. Ова треба да ги загрижи сите и ова треба да биде приоритет број еден. Не може инспекциски надзор да заврши за половина час. Не дозволиво е инспекторите да ги игнорираат поплаките на граѓаните. Европската Унија тужи земји членки поради загаден воздух, а кај нас казните се премали или воопшто не се казнува.

Им порачуваме на СДСМ и ДПМНЕ – додека вие се надмудрувате кој правилно го чита членот 11, граѓаните од оваа држава се иселуваат зошто дишат најзагаден возудх, едвај го поминуват месецот, не веруваат во институциите. И вие сте одговорни за тоа.“ – стои во соопштението од ГДУ.