25/04/2024
Охрид

Генерално чистење во с.Подмоље

Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведоа акција за генерално пролетно чистење во с.Подмоље.

Се чистеа тротоарите од ниска вегетација, се подигна расфрланиот комунален, зелен и кабаст отпад.

По завршувањето на акцијата јавните површини се миеја со цистерна.