ГФК Охрид Лихнидос ја елиминира Беласица од Купот на Македонија

ГФК Охрид Лихнидос денес на домашен терен, на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, ја совлада екипата на Беласица во натпревар од 1/16 финалето од Купот на Македонија.

По регуларните 90 минути натпреварот заврши 1:1. Тимот на ГФК Охрид Лихнидос беше поуспешен по изведувањето на пеналите, со што обезбеди пласман во следната рунда од Купот на Македонија.

WebOhrid