26/04/2024
МакедонијаОхрид

Global Game Jam оваа година ќе се одржи повторно и во Охрид

Global Game Jam е најголемиот интернационален настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48­ часовен маратон. Оваа година ќе се случува од 31ви јануари до 2ри февруари и како дел од International Game Developers Association (IGDA) неговата цел е да ги обедини сите кои креираат или имаат желба да креираат игри и да поттикне креативност, соработка, едукација и експериментирање. Во 2019 година на Global Game Jam се сретнаа 47.006 џемери, се одржа на 860 локации во 113 земји и беа создадени точно 9.010 игри.

Македонија секоја година котира во врвот на листата по бројот на игри создадени за време на настанот по глава на жител. Оваа година сакаме да го подобриме тој пласман, преку зголемување на бројот на учесници, па така #ggjm20 ќе се случува на три локации: Скопје, Битола и Охрид.

Своето учество го започнавме во 2013 година, а уште од почетокот интересот за учество на овој настан беше огромен. На Global Game Jam Macedonia досега се сретнаа скоро 1800 учесници –  професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти. До сега се создадоа 179 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти.

Нашите учесници се професионалци и студенти од ИТ индустријата. На #ggjm19 ќе се сретнат:

-Девелопери, 2Д и 3Д артисти, графички дизајнери, саунд дизајнери, продуценти и гејм дизајнери, DATA scientest, експерти за монетизација и социјални медиуми,…

-Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата

-Просечната возраст на нашите учесници е 25 години

-Барем 50% од нашите учесници работат како професионалци во ИТ индустријата

-Тие се почитувани членови на IT и on-line заедницата во Република Македонија

Global Game Jam Македонија 2020 очекува преку 300 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. За нив ќе обезбедиме непрекинат интернет пристап,  оброци, грицки, пијалаци, простор за работа, простор за рекреација и одмор. Очекуваме да продефилира публика од над 5000 луѓе на отварањето, затварањето и во текот на целиот настан.

Повеќе информации за настанот како и фотографии од претходните години може да се добијат на web страната: http://gamejam.mk

Линкови за регистрација во 2020година за ОХРИД :
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfTB-fvewzNH8kNjkZ5tBm9Fi3FF_374R5ZpVeeAYBghqIrzg/viewform

Линк од настанот на ФБ страница :
https://www.facebook.com/events/1085481395137452/