19/04/2024
Регион/Свет

Го преживеавме „Судниот Ден“

Помина стравот од „Судниот Ден“, односно 21.12.2012. Како што пренесе WebOhrid, според изнесените ставови на експертите на НАСА, сепак се работеше само за крај на еден календарски циклус.

„Исто како што го имате календарот на ѕидот во вашиот дом. Тоа не значи дека светот завршува на 31 декември. Така и кај Маите, завршува еден период на броење на 21 декември, но започнува нов период. Како што започнува нова календарска година на 1-ви јануари“. – одговор на НАСА за многу често поставеното прашање околу завршувањето на календарот на Маите.

Меѓу охриѓани не се осети никаков страв. Интересот беше голем за „Судниот Ден“, но не како што беше случај и во останатите земји ширум светот, каде што некои измислуваа приказни за да профитираат, а пак други беа притворени за да престанат да шират страв и несигурност.

WebOhrid