24/04/2024
Охрид

Голем број награди за основците од „Христо Узунов“ на општинскиот натпревар по математика

На 29.02.2020, на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид се одржа Општинскиот натпревар по математика за основно образование на кој учествуваа 127 ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општина Охрид.

Од ОУ „Христо Узунов“ учествуваа 25 ученици кои вредно работеа во текот на целата година, покажаа дека се одлични математичари и се здобија со многу награди и пласман на регионален натпревар.

Прва награда освоија учениците: Исидора Митревска VII одд. (100 поени) и Елена Стојоска VII одд. (100 поени), под менторство на наставничката Слаѓана Митреска; Ремзија Шемо VI одд.(100 поени), Филип Кузески VI одд. (100 поени), Мартин Трајчески VI одд. (100 поени) и Петар Стојаноски VI одд. (95 поени) под менторство на наставничката Ирена Бачева; Дарко Митрески V одд. (95 поени), под менторство на наставничката Соња Јовева,

Втора награда освоија учениците: Горазд Блажески и Борче Исакоски од IX одд, под менторство на наставничката Кристина Крстеска Николкоски; Марко Бешироски VI одд. под менторство на наставничката Ирена Бачева.

Трета награда освоија учениците: Матеј Исакоски, Владимир Србиноски и Ивона Илиевска сите VII одделение, под менторство на наставничката Слаѓана Митреска; Стефан Мургоски V одд. под менторство на наставничката Биљана Угриноска и Сара Бошевска V одд. под менторство на наставничката Соња Јовева; како и Давид Јанкоски IV одд. под менторство на наставничката Наташа Ѓорѓиеска.

Пофалница добија учениците: Стефан Бегалис и Славчо Мургоски од VII одд. под менторство на наставничката Слаѓана Митреска; Бојана Цветкоска од VIII одделение, под менторство на наставничката Виолета Китеска. Марија Ристеска VI одд. под менторство на наставничката Ирена Бачева; Софија Митреска и Коста Стојановски V одд. под менторство на наставничката Соња Јовева;

Учество на општинскиот натпревар имаа и учениците Михаил Стојкоски IV одд., Лука Грозданоски V одд. и Јована Шутарoска VI одд.

Честитки за постигнатиот успех на сите ученици, голем успех и на регионалниот натпревар.