Голем хуманитарен музички хепенинг на градскиот плоштад во Охрид

Црвен крст Охрид со задоволство го најавува големиот хуманитарен музички перформанс ROCK’N’MOB (ХУМАНИТАРНА РОК МОБИЛИЗАЦИЈА) кој ќе се случува на 9 декември 2017“ сабота, на Градскиот плоштад во Охрид, со почеток во 12 ч., во рамки на одбележувањето на „Св.Климент“, патрониот празник на градот.

Предвидено е овој настан да ги соедини на едно место локалните музичари, поединци и групи, професионалци и аматери, кои со своите музички инструменти и гласовни потенцијали ќе се обединат во хуманоста и заеднички ќе изведуваат светски познати музички нумери.

Овој музички хепенинг се очекува да привлече бројни наши сограѓани и гости кои уживајќи во музичките изведби ќе можат да ја изразат и својата хуманост донирајќи во собирните каси на Црвен крст Охрид поставени на Градскиот плоштад, со што сите заеднички ќе овозможиме предстојните Новогодишни празници да бидат радост и за децата од социјално загрозените семејства и ранливите категории од Охрид и Дебрца, но и ќе придонесеме за достојна промоција на нашиот град, преку овој музички перформанс, прв од ваков вид на Балканот.

Настанот ќе може да се следи и во живо на

https://www.youtube.com/watch?v=2RZfk-p8Zso&feature=youtu.be