18/04/2024
Спорт

Голови на Алиоски и Велкоски за нивните клубови

Лидс Јунајтед 2:1 Болтон / Лидс успеа да победи против Болтон со 2:1. Домашните го отворија резултатот уште во 16 минута со гол од пенал, а гостите изедначија во 22 минута. Езѓан Алиоски постигна гол во 68 минута и му донесе победа на Лидс. Тимот на Лидс Јунајтед се наоѓа на 3 место во Англискиот Чемпионшип, додека пак за Алиоски ова беше 6 гол оваа сезона.

Тузла 0:3 Сарајево / Капитенот на Сарајево, Крсте Велкоски го отвори резултатот уште во 6 минута. Неговиот тим успеа да постигне уште два погодоци и да забележи победа од 0:3. По 20 одиграни натпревари Сарајево се наоѓа на врвот од Босанската Премиер лига, додека пак Велкоски е четврт на листата на стрелци со 9 постигнати голови.

WebOhrid