Голови на Тричковски и Јаховиќ за своите клубови

Иван Тричковски и Адис Јаховиќ денес постигнаа голови за своите клубови.

АЕК Ларнака победи со 2:0 против Алки Ороклини. АЕК Ларнака постигна гол во 30 минута, а Тричковски го зголеми водството за неговиот тим на 2:0 со гол во 54 минута. АЕК Ларнака се наоѓа на 4 место во Кипарската Прва дивизија, а и Тричковски се наоѓа на 4 место на листата на стрелци во Кипар со 8 постигнати голови оваа сезона.

Коњаспор одигра нерешено 1:1 против Јени Малатјаспор. Најпрво гостите дојдоа во водство во 75 минута, а откако Адис Јаховиќ беше соборен во противничкиот шеснаесетник во 85 минута, беше досуден пенал за Коњаспор кој Јаховиќ успеа прецизно да го реализира. Коњаспор се наоѓа на 6 место во Турската Супер лига, додека пак Јаховиќ со 6 постигнати голови оваа сезона се наоѓа на 14 место на листата на стрелци во Турција.

WebOhrid