24/04/2024
Македонија

Горан Папаз ќе настапи пред Папата Францис

На 7ми Мај во Скопје, на покана од Католичката црква, Папаз е поканет да биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Францис.

Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, “Пресвето Срце Исусово” после 14:30 часот, каде папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите.

Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група „Агапе” и тие ќе се претстават со три композиции.

„Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд” – вели Папаз.

На професионално поле Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен „Елегија”, и истиот ќе биде промовиран ова лето.

Неодамна во етер го пуштија синглот „Спомени” кој е најава за тоа што следи.

https://youtu.be/ccPs4GPn0tg