28/03/2024
Македонија

Горивата поевтинуваат за половина денар

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,83%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг.