19/04/2024
Реклами

Гостилница „Кај Мече“ на нова локација

Гостилница „Кај Мече“ од денес стартува со работа на нова локација, која се наоѓа веднаш до старата локација во населбата Долно Коњско. Гостилницата „Кај Мече“ веќе пет години е хит на охридската ривиера, докажано место за уживање, скара за гурмани, тераса со рајски панорамски поглед кон западното крајбрежје.

Ново, подобро, уникатно, со прекрасен поглед, вкусна храна, љубезен и услужлив персонал, достапни цени… Ова се зборовите со кои би ја опишале Гостилница „Кај Мече“. Од денес,  на нова локација, во еден нов уникатен амбиент, присутните гости уживаа во топлата атмосфера и професионалната услуга.

„По макотрпна работа, денес и официјално започнавме со работа на нова локација. На овој голем ден кога се слави Воскресение Христово – Втор ден Велигден, со свеченост го одбележуваме отворањето на гостилницата. Од името на целата екипа на гостилница „Мече“, им се заблагодарувам на сите присутни гости вечерва, и им ветувам дека ќе останеме професионални во нашата работа како и досега. Оние кои не посетиле знаат за тоа, а оние кои не не посетиле досега, ги покануваме да не посетат и да се уверат во нашиот квалитет“ – изјави сопственикот и менаџер на гостилницата, Горан Петрески.

Бидете добредојдени! Посетете не! Ве очекуваме!

Teл: +389 (0)78 350 955
Моб: +389 (0)75-296-170

e-mail: info@kajmece.com
web: www.kajmece.com

WebOhrid