17/04/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески се вклучи во акцијата за чистење на Охрид

Градоначалникот, Константин Георгиески заедно со општинската администрација претпладнево се вклучи во акцијата  за чистење на отпад и разубавување на животната средина. Градоначалникот чистеше на локација во населбата Св. Стефан во крајбрежниот дел. Денеска на различни локации во Охрид чистеа и вработените во охридските јавни претпријатија.

Акцијата за чистење   се спроведува во сите општини на територијата на државава со цел подигање на јавната свест за заштита на животната средина.