28/03/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески со честитка по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески,  упати честитка до сите припадници на влашката заедница во Охрид и  Република Северна Македонија по повод 23 Мај –  Националниот ден на Власите.

– Влашкиот народ како посебна етничка и културна заедница, има особено значење  во нашава земја. Власите се нераскинлив дел од македонската нација и македонската историја. Нивната култура, традиција, фолклор и јазик се значаен сегмент од богатството на македонското општество, кое  се темели на меѓусебно разбирање и  почит.

Одбележувајќи  го овој празник покажуваме дека ги  почитуваме и негуваме традиционалните вредности и меѓусебното разбирање на сите етнички заедници во нашава држава. Тоа е влог во заедничкиот просперитет и напредокот  во нашава  татковина која нуди подеднакви можности за сите нејзини граѓани– се вели во честитката на градоначалникот Георгиески,  по повод 23 Мај-  Националниот ден на Власите.