29/03/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески со честитка по повод Денот на наставата на турски јазик

По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември, Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Северна Македонија.

Упатувам искрени честитки до сите наши сограѓани од турска националност, кои денес прославуваат 75 години од денот кога официјално го добиле своето право да говорат, да се образуваат и да творат на сопствениот мајчин јазик.

Турската заедница е нераскинлив дел од севкупниот општествен, економски и социјален напредок и важно парче од мултикултурниот мозаик на нашиот Охрид. Негувањето на различните јазици, култури и религии, носи силна поврзаност, ги зацврстува нашите меѓусебни односи и ја јакне меѓусебната почит.

И во иднина во духот на заедништвото ќе продолжиме посветено да работиме за остварување на нашите заеднички цели и да обезбедиме подобри услови за живот во нашиот град и нашата заедничка татковина, стои во честитката на Георгиески.