20/04/2024
Дебрца

Градоначалникот на Дебрца на средба со претставници од Еколошкото здружение „Енхалон” – Струга

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, денес оствари средба со претставници на Еколошкото здружение „Енхалон” од Струга, предводено од претседателот Мате Гогоски, познат и докажан екологист.

На средбата се разговарало за еколошките проблеми во регионот, особено за потребата од заштита на нашиот природен бисер, Охридското Езеро.

„Добивме безрезервна поддршка во нашите заложби против изградба на регионална депонија во Годивје, која и според нив не е закана само за Дебрца , туку и за Охридското Езеро.

Остануваме отворени за понатамошнa соработка на планот на имплементација на еколошки проекти за Југозападниот регион.“ – вели градоначалникот Ногачески.