19/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија „Дебрца-2018”

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески денес ги прими учесниците на 34-та ликовна колонија „Дебрца-2018”.

Пиејќи го заедно утринско кафе, градоначалникот на присутните уметници им ги презентираше спецификите на општина Дебрца, нејзините природни убавини како дополнителен мотив за создавање на нови ликовни дела.

На состанокот се разговараше и за издигнување на колонијата на повисоко ниво, се со цел нејзина афирмација на национално па и на светтско ниво, на што градоначалникот Ногачески даде ветување дека наредната година која е јубилејна 35-та, општина Дебрца ќе се вклучи директно, давајќи максимална поддршка во успешна организација.

Годинава, на Колонијата, во Белчишта творат: Од Македонија – Стадим Димитров, Запро Запров, Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески. Од Албанија доага Тасо Констандини, а од Бугарија – Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева.
 
Зад Ликовната колонија “Дебрца”, стојат над 700 дела, мегу нив и платна на великани од постарата генерација, како професорот Димче Коцо, Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасиевски, Љупчо Стефаноски и други. На нив се надоврзуваат Мето Георгиевски, Менде Иваноски, Васко Ташковски, Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други.

Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во старата зграда на поранешната, како овде ја нарекуваат, италијанска касарна, од времето на окупацијата, додека од 2005 година, свој, современ објект со сите услови за галерскo ускладиштување и презентирање.