28/03/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески го честита 8ми Септември, Денот на независноста

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески со стихови од Гане Тодоровски го честита 8ми Септември, Денот на независноста на РСМ.

„Да ни е да сме доста
колку за да се разбистри небото
над Бистрине, Корабине-

Да ни е да сме доволно
колку за да се довардиме
покрај Вардарине и Струмине –

Да ни е да сме мерата
колку за да се прелееме
од колено во колено до крај истрајвекот-

Малцичка сме ли ете па што
малцичка божем а веќе со векови
по стопати по севезден нè пребројуваат

Но ние сме како што сте како што се
И покрај сè и покрај сè
колку сме толку сме токму сме!

/ Гане Тодоровски /

НЕКА ТИ Е СРЕЌЕН И ВЕКОВИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА, МАКЕДОНИЈО!“- стои во честитката.