18/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески го објави планот за реализација на нови инфраструктурни проекти до крајот на 2019 година

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески истакна дека основната определба на Локалната самоуправа беше и е да се фокусираат на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општината и во тој контекст со средства од Буџетот на државата, ЕУ фондовите, буџетот на општината и други расположливи извори да се инвестира во капитални инфраструктурни проекти.

Градоначалникот потенцира повеќе инфраструктурни проекти кои ќе се започнат и реализираат (некои се отпочнати) до крајот на оваа година и тоа:

ОРОВНИК
-хортикултурно уредување на просторот кај јарболот и дел од главната влезна улица во селото (средства од Биро за регионален развој, програма за развој на села и буџет на општината),
-осветлување на плоштадот со нови лед светилки (буџет на општина),
-осветлување на спортски полигон со лед рефлектори (буџет на општина),
-санација на каптажи во местност “Тројани” (буџет на општина),
-тампонирање на пат од кај Црква “Св. Спас” до приклучок на Аеродром (АФПЗРР, програма за рурален развој),

ГОРЕНЦИ
–осветлување на плоштадот со нови лед светилки (буџет на општина),
-аплицирано во МЗШВ за тампонирање на полски пат од подвозник до каналот на река Сатеска,

ТРЕБЕНИШТА
-тампонирање на пат до Црква “Св.Петка” (буџет на општина)
-инсталирање на централно греење во Подрачното училиште (буџет на општина , основно училиште),
-поврзување на новата бушотина за вода со резервоарот над основното училиште (буџет на општина),

ВОЛИНО
-изградба на фекална канализација (АФПЗРР, програма за рурален развој и буџет на општината),
-доизградба на патен правец село Волино-село Мороишта, Струга (Центар за развој на Југозападен плански регион, АФПЗРР, програма за рурален развој),

МЕШЕИШТА
-реконструкција и инсталирање на централно греење во Подрачното училиште (Центар за развој на Југозападен плански регион, програма за регионален рамномерен развој и буџет на општината),
-изградба/асфалтирање на една уличка (буџет на општина),

БОТУН
-санација на стара каптажа за водоснабдување (буџет на општина),
-поставување на нова типска автобуска постојка (проект за Белчишко Блато, ЗГ Екотуризам 2016),

ЗЛЕСТИ
-регулација на канал за наводнување (буџет на општина),
-осветлување на плоштадот со нови лед светилки (буџет на општина),

БЕЛЧИШТА
-отпочнување со санација и пренамена на објект Изложбен центар на Белчишко Блато (средства на ЕУ, Прекугранична соработка со Грција),
-уредување на речното корито во централното подрачје (буџет на општина),
-поставување на нова типска автобуска постојка (проект за Белчишко Блато, ЗГ Екотуризам 2016),

ЛЕШАНИ
-Регулација на канал за наводнување (буџет на општина),
-осветлување на спортски полигон со лед рефлектори (буџет на општина),
-подобрување на централното греење во подрачното училиште,

ВЕЛМЕЈ
-доуредување и заградување на просторот кај селската амбуланта (буџет на општина),
-осветлување на плоштадот со нови лед светилки (буџет на општина),

НОВО СЕЛО
-санација на покрив на објект на месната заедница (буџет на општина),

ПЕСОЧАНИ
-тампонирање на уличка со гребан асфалт (буџет на општина),

ЦРВЕНА ВОДА
-санација на спомен соба од АСНОМ и спомен соба на Ванчо Николески во зградата на училиштето (буџет на општина),

ИЗДЕГЛАВЈЕ
-изградба на резервоар за водоснабдување (Министерство за транспорт и врски и буџет на општина),
-тампонирање со гребан асфалт на пат до црква “Св.Димитрија” (буџет на општина),
-санација на мост на пат до црква “Св.Димитрија” (буџет на општина),

СЛАТИНСКИ ЧИФЛИК
-изградба на доводен цевковод за водоснабдување (Биро за регионален развој ,програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби),

СЛАТИНО
-уредување на влезот во манастир “Св. Јован” (буџет на општина),
-асфалтирање на улица во селото (буџет на општина),
-уредување на патека и поставување на летниковци на Слатинско Езеро (Центар за развој на Југозападен плански регион, грант од Швајцарска агенција за развој и соработка),

ОЗДОЛЕНИ
-тампонирање на улица (буџет на општина),

АРБИНОВО
-реконструкција на пат врска со А2-село Арбиново (Центар за развој на Југозападен плански регион, АФПЗРР,програма за рурална инфраструктура и буџет на општина),

СЛИВОВО
-тампонирање на пат до црква “ Св.Атанасиј “(буџет на општина),
-санација на споменик на МКУБ (буџет на општина),
-санација на спомен чешма во Сливовски Анови (буџет на општина),

ВРБЈАНИ
-асфалтирање на две улици (буџет на општина),
-изградба на бетонски пропусти на трета улица ( буџет на општина),

ГОДИВЈЕ
-асфалтирање на две улици (буџет на општина),
-уредување на простор во црква “Св.Спас” (буџет на општина),

ЛАКТИЊЕ
-асфалтирање на две улици (буџет на општина)

БРЕЖАНИ
-Во рамите на ЕУ Програмата за Прекугранична соработка со Албанија во прва фаза е одобрен проект, во чии рамки е предвидена санација и адаптација на зградата на поранешното училиште во планинарски дом.