28/03/2024
ДебрцаМакедонија

Градоначалникот Ногачески на средба со претставници на ЗП Охрид и Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески вчера оствари протоколарна средба со претставници на Здружението на пензионерите за општините Охрид и Дебрца.

На средбата се разменија идеи за понатамошна соработка. Градоначалникот ги информира дека еден од приоритетите на локалната власт во Дебрца ќе биде постојаната грижа за пензионерите и поголема социјална интеграција и поквалитетен живот за постарите лица.