Градоначалникот Ногачески на средба со учениците и наставниците од ОУ „Дебрца“

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески денес оствари средба со учениците и наставниците од О.У Дебрца, кои во рамките на проектот #play2adapt од Еразмус + програмата, учествуваа на првата мобилност во градот Невшехир Турција.

„Бев информиран за нивните впечатоци од посетата во Турција, каде на достоинствен начин беа презентирани училиштето и општина Дебрца.“– рече градоначалникот Ногачески.

Проектот продолжува во месец Мај, 2019 година, со втората средба која ќе биде во општина Дебрца и ОУ „Дебрца“, а ќе присуствуваат тимовите на Грција, Турција, Шпанија и Португалија.

„Имплементацијата на вакви проекти има особено значење за нашата општина и училиште, посебно за нивната меѓународна промоција и афирмација.

Изразувајќи пофалба и благодарност за успешно реализираните активности во Турција, на учениците, наставниците и директорката на училиштето уште еднаш им ја повторив нашата определба за безрезервна поддршка на сите активности на училиштето, не само за овој проект , туку и за други проекти и тековните активности.“- додаде Ногачески.

This slideshow requires JavaScript.