20/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари средба со жителите на Белчишта

Градоначалникот Ногачески синоќа присуствуваше, на Собир со граѓаните на село Белчишта.

„Транспарентно и отворено дебатиравме за тековните проблеми, планираните проекти, актуелниот проблем со кучињата на еден жител на селото, чистењето на одводните канали, доизградбата на фекалната канализација, реновирањето на големата сала во општинската зграда, реконструкцијата на објектот-изложбен центар на Белчишкото Блато, уредувањето на плоштадот и речното корито во центарот и други проблеми и проекти. Транспарентна и отворена општина, за сите.“– истакна Ногачески.