16/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Рамазанските пости

По повод почетокот на Рамазанските пости, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, на сите верници од исламска вероисповед, посебно на оние кои се жители на општина Дебрца, им го честита започнувањето на овогодинешните Рамазански пости.

„Во духот на празникот Ви посакувам лесни Рамазански пости.

Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам.

Славејќи го духовното и телесно прочистување, преку својата вера и посветеност, придонесувате за негување и поттикнување на вистинските човекови вредности, хуманост и меѓусебно почитување.

Само на тој начин, сите заедно, можеме да ја градиме иднината на општина Дебрца и Република Македонија.“- стои во честитката.