Градоначалникот Ногачески со честитка за 8-ми Март

По повод 8ми Март, Меѓународниот ден на жената, градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка до сите припаднички на понежниот пол.

„Денес е Денот на жената иако секој ден треба да биде ден на припадничките на понежниот пол. Во мојот кабинет ги примив и им го честитам празникот на сите припаднички на понежниот пол вработени во општина Дебрца. Воедно на сите жени во општина Дебрца им го честитам празникот.“– напиша Ногачески на својот Фејсбук профил.