28/03/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески упати честитка до матурантите

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка до матурантите:

„Почитувани матуранти од општина Дебрца,

Ви упатувам искрени честитки по повод завршувањето на средното образование.

Посакувам овие денови кога го одбележувате крајот на средното образование, да Ви останат во трајно сеќавање на еден од најубавите животни периоди.

Знам дека овие мигови Ви се прекрасни и незаборавни.

Се наоѓате пред голема животна пресвртница и сериозна обврска, да го одберете своето идно занимање.

Вам, кои својата иднина ќе ја побарате на пазарот на трудот, Ви посакувам што поскоро да се вработите и со својот труд, за себе и за Вашите семејства, но и за својата општина и држава, да обезбедите сеопшт напредок.
Вам, кои планирате да го продолжите образованието на факултетите, Ви посакувам многу успех во стекнувањето на нови знаења и вештини.

Уште еднаш Ви честитам!

Патот што е пред Вас, Ве води во сериозни животни предизвици, и нека Ве следи среќа на тој пат.“- стои во честитката.