18/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот 11 Октомври

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески упати честитка по повод празникот 11 Октомври.

„Почитувани граѓани, 11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Востание кое мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската република.

Во најубавата приказна за слободна Македонија посебно е вградена и нашата Дебрца.

Во Дебрца, на Славеј Планина е формирана првата регуларна воена единица на НОВ и ПОМ, баталјонот “Мирче Ацев”, во Сливово е формирана Првата македонска-косовска ударна бригада, во Црвена Вода е објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ.

Наша должност останува да го чуваме она за кое се дадени многу животи.

Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе.

Нека ни е честит празникот, нека ни е вечна Македонија!“ – стои во честитката од градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.