16/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски ги прими учесниците на Бреинобреин натпреварот во Белград

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска ги прими децата од  Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, кои на 18 март годинава учествуваа и имаа брилијантен настап во Белград на првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“. На средбата, градоначалникот Стојаноски им упати искрени честитки за успешниот настап на натпреварот во Белград и додаде дека тие се вистински амбасадори на Охрид. Како  специјални гости во демо програмата на натпреварот, 22 деца кои го следат деветтото и десеттото ниво на Бреинобреин програмата во центарот  БОБ-Црвен крст Охрид, се претставиле со мултимедијалниот перформанс „Грдото пајче“ .

 Тие, како што беше речено на средбата, ја  воодушевиле публиката, бидејќи на специфичен начин ги презентирале стекнатите вештини и знаења за мултитаскинг и визуелно, без употреба на абакус, во исто време пресметувале математички операции (собирање, одземање, множење и делење) на двоцифрени и троцифрени броеви.Покрај долгиот аплауз од публиката, децата добиле и посебни награди од организаторот и амбасадорката на Индија во Србија.