29/03/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски на средба со охридските хотелиери

Градоначалникот на Општина Охрид, Јован Стојаноски денес оствари средба со охридските хотелиери. Целта на средбата беше организацијата на саемските настани кои што следуваат.

„На иницијатива на Општина Охрид имаме средба со хотелиерите и ќе имаме уште една во текот на наредната недела, а исто и до крајот од месецот ќе имаме уште неколку средби. Првата и основна причина која ја одржуваме оваа денешна средба е организацијата на саемските настани кои што следуваат во текот на јануари, февруари и понатака, за да имаме еден организиран настап и едноставно одиме на онаа зацртана агенда на Локалната самоуправа, а тоа е да разговараме со директните актери, значи со бизнис секторот да разговараме што се треба да направи Општината за да имаме еден добар настап, а првичната цел на разговорот е да утврдиме кои се целните пазари на кои што и Општината Охрид треба да ги потпомага хотелиерите и сите бизнисмени кои што се поврзани со туризмот. Сакаме да го добиеме нивното мнение, нивниот впечаток и на таков начин тое е она кое што го реновираме во буџетското планирање, да се издвојуваат буџетски средства во склад со барањата на целните сегменти или на самите граѓани, а во случајов станува збор за целниот сегмент хотелиери и туристички работници.“ – изјави градоначалникот Јован Стојаноски.

WebOhrid