Градоначалникот Стојаноски на средби со жители од урбани заедници

Во рамки на предвидените средби со граѓани, вчера попладне градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски во салата на општина Охрид разговараше со претставници од Урбаните заедници „Стар Град“ и „Центар“.

На средбите беа изложени барањата и проблемите со кои се соочуваат граѓаните од областа на урбанизмот и комуналните дејности по што се разгледуваа можностите за нивно навремено решавање.

На состанокот покрај градоначалникот Стојаноски присуствуваа, секретарот Игор Бежоски претставници од општинските сектори за урбанизам и комунални дејности и директорите на охридските јавни претпријатија.

Денеска градоначалникот Стојаноски во 18 часот во просториите на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Даљан ќе има средба со жителите на УЗ „Воска“, а во 19:30 ч во големата сала на општина Охрид средба со жителите на УЗ „Кошишта“.

Средби со граѓаните од урбаните заедници ќе има до 20.02.2018 година, по што ќе следат средби со жители на месни заедници.