29/03/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски оствари средба со високи претставници од ЕУ

Градоначалкникот на Охрид, Јован Стојаноски и амбасадорката на Австрија во Р. Македонија, Ренате Коблер  синоќа  во Охрид имаа протоколарна средба со  претставници од Министерствата за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ, на ниво на Директори за ЕУ и Западен Балкан.

На средбата се разменаа  мислења за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, а се разговараше и за придобивките што ќе ги има Македонија по евентуалното членство во Европската Унија и можностите за развој на Охрид како главен туристички центар во регионот.

Претставниците од земјите-членки на ЕУ покажаа интерес за текот на реформските процеси и дадоа поддршка кон натамошните чекори во евроинтеграциите на земјата.
Организирањето на настанот е во рамки на посетата на  високите претставници од ЕУ Македонија, а под покровителство на Делегацијата на ЕУ во Скопје и Австриското претседателство со ЕУ.