Градоначалникот Стојаноски со поддршка за таеквондистот Василија Јовчески

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со таеквондистот Василија Јовчески, кој освои трето место на балканскиот таеквондо шампионат.

Градоначалникот му честиташе за постигнатиот успех и му посака во иднина да нижи уште поголеми успеси и дека може да смета на неговата поддршка.