16/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски во посета на Котор и Будва

Делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Јован Стојаноски е дел од свеченостите што се организираат по повод одбележување на Денот на општините Котор и Будва, Р. Црна Гора.

Посетата   на Црна Гора  е на   покана на градоначалниците на општините Котор и Будва, Владимир Јокич и Драган Крапович . 

По тој повод градоначалникот Стојаноски  ги  проследи Свечените  седница на  двете општини  и оствари средби со познати претставници од јавниот и политичкиот живот .   

Општина Охрид е збратимен град со Будва  од далечната 1984 година , а има потпишано протокол за соработка со општина Котор во 2017 година.