25/04/2024
Охрид

Градоначалникот Стојаноски во посета на ОУ „Григор Прличев“

Денес, 14.02.2018. ОУ „Григор Прличев“ – Охрид беше посетено од страна на Градоначалникот на општина Охрид проф. д-р Јован Стојаноски. Посетата беше изненадување за учениците од V2 одделение и нивната учителка Фанче Наумоска.

„Учениците ја одиграа точката со која настапија на прославата на Патрониот празник на училиштето „Македонско девојче“ со посвета токму кон градоначалникот. За возврат учениците беа почестени со неговото присуство и добија подароци.

Ваквите посети поттикнуваат ентузијазам кај учениците, голема радост и задоволство и се разбира среќа која блескаше во нивните очи. Посетата беше голема чест не само за оваа паралелка, туку и за целото училиште, се надеваме дека истите ќе бидат што почести.“ – велат од училиштето.