29/03/2024
Охрид

Градоначалникот Георгиески во работна посета во Софија

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, денеска оствари работна средба со Јорданка Фандакова, градоначалник на Софија, Република Бугарија.

На средбата се разговараше за воспоставување поблиски пријателски односи меѓу двата града и за можна идна соработка на заеднички проекти.

Исто така на средбата се потенцираше и можноста за искористување на бугарските искуства во подготовка и аплицирање на проекти на различни програми од претпристапните фондови на Европската Унија.