16/04/2024
Струга

Гром предизвика пожар во куќа во Заграчани

На 10.09.2019 околу 22:30 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека во куќа во струшкото село Заграчани, сопственост на Л.Д., се случил пожар предизвикан од удар од гром. Притоа, била опожарена кровната конструкција од куќата.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Струга.